Фудбалерите на Ливерпул успеаја да освојат три бодови откако го совладаа Вест Хем на гостувањето со 2:1 и тоа го направија со пресврт, откако домаќинот водеше со 1:0. Ова беше трета победа за „црвените“ на последните три натпревари во Премиер лигата и со тоа остануваат со шанси за четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Вест Хем поведе во 12.та минута со прекрасниот гол на Пакета, кој ја изненади одбраната на Ливерпул и голманот Алисон. Сепак водството не траеше долго особено што Коди Гакпо со удар од 20 метри го совлада Фабијански и го изедначи резултатот на 1:1.
На стартот на вториот дел Вест Хем постигна гол преку Бовен, но поради офсајд позиција беше поништен. Во 67.минута по корнерот на Енди Робертсон, Жоел Матип со глава „буквално ја закова“ топката во мрежата на противничкиот голман, кој во претходниот напад успеа да го одбрани токму ударот на стрелецот. Откако се најдоа во негатива домашните беа нешто поопасни во нападот, но без посериозна шанса. Единствено им останаа приговорите откако во 87.минута Тиаго играше со рака во 16-тникот, но судијата Крис Каванаг не покажа на белата точка.
Ливерпул има 53 бодови од 32 натпревар и е на 6.то место, со бод помалку од Астон Вила, додека пред нив се Њукасл (трет) и Манчестер Јунајтед (четврти) со по 59 бодови.
Вест Хем е на 14.то место со 34 бодови или пет повеќе од Лестер кој е во зоната за испаѓање.