,,Нероаѕурите” го искористија домашниот терен и пред преполната ,,Меаца” со минимални 1-0 го елиминираа големиот ривал, Јувентус и со тоа се пласираа во финалето на купот на Италија.
Со оглед на 1-1 од првиот натпревар, двата тима практично почнаа од нула и сосема очекувано беше дека ќе гледаме класично италијанско дерби, со многу тактизирање и малку шанси, во такви околности подобро се снајде Интер и на крајот се радуваше на победа.
Јунак на Интер на вечерашниот натпревар беше Федерико ДиМарко кој во 15.минута на одлично додавање на Барела, шутираше силно и неодбранливо за Матија Перин, со што донесе предност за домаќините.
Голема шанса за 2-0 имаше Лаутаро Мартинез само пет минути подоцна, но неговиот шут отиде за малку покрај голот.
По почетната офанзива на Интер, гостите од Торино ја презедоа контролата над играта и поседот на топка и со долги позициони напади се обидуваа да се заканат по голот на Андре Онана, но сите обиди беа неуспешни, па на крајот Интер славеше пласман во финалето.
Во големото финале, Интер ќе ја брани титулата од минатата сезона освоено токму по победата над Јувентус во финалето, а за противник оваа година ќе го има подобриот од натпреварот Фиорентина – Кремонезе.