Во Втората македонска фудбалска лига денеска на програмата се натпреварите од 26-тото коло. Водечките 4 екипи се очекува да ги оправдаат фаворитските улоги и да стигнат до нови победи.
После поразот во дербито со Воска, Вардар на домашен терен ја дочекува екипата на Слога Виница. Многу важен натпревар и за двете екипи, Вардар со три бода ќе ја продолжи битката за влез во Прва лига, додека за виничани секој бод е битен за опстанок.
Екипата на Пелистер доколку сака до последно коло да се бори за влез во првата лига, мора по секоја цена да го добие денешниот натпревар со Караорман. Стружани не се наивен противник, а тоа го покажаа на првиот натпревар кога во Струга славеа против Пелистер.
Воска Спорт во Гевгелија ќе брка нови три бода. По победата со главниот конкуретн, Вардар, екипата на Воска навидум има лесно гостување, но со тоа нема да сложат играчите на Кожуф и ќе се обидат да дојдат до позитивен исход.
Арсими се покажа како доста незгоден домаќин оваа сезона. Во денешното коло ќе ја угостат екипата на Гостивар, која ако сака да го задржи местото што носи директен пласман во Прва лига, мора да ги освојат трите бода.
Втора лига 26. Коло
Среда (16 часот)
Вардар – Слога Виница
Пелистер – Караорман
Кожуф – Воска Спорт
Арсими – Гостивар
Тетекс – Беласица
Борец – Локомотива Скопје
Детонит Плачковица – Каменица Саса
Охрид – Беса
Филип Василевски