Требаше да биде дерби на колото, но дуелот меѓу Њукасл и Тотенхем мина во тотална доминација на домашниот тим.
Можеби и ретко кој од навивачите на Њукасл се надеваше на ваков настап на нивните фудбалери, но црно-белите едноставно го декласираа противникот победувајќи го со убедливи 6-1.
Уште во воведните девет минути работата стана јасна, откако Марфи со два гола во 2-та и 9-тата минута, односно Џоелинтон во 6-тата набрзина ми донесоа предност на домашниот тим од 3-0. „Нокаутираниот“ тим од Лондон веќе од 21-та минута прими уште два гола, за што се погрижи Швеѓанецот, Исак, па веќе беше јасно дека Тотенхем ќе претрпи дебакл.
Во вториот дел Кеин го посигна почесниот гол за гостите, а Вилсон со погодокот во 67-минута ги постави конечните 6-1.
Со оваа победа Њукасл се проби на 3.место на табелата со 59 бодови колку што има и Манчестер Јунајтед кој во следното коло му гостува на Тотенхем кој останува на петата позиција со 53 бодови.