Во првиот натпревар од 28-то коло на македонската Прва лига, екипата на Шкендија важеше за благ фаворит на гостувањето кај Брегалница која успеа да ја совлада со минимални 1-0.

Во одлични услови, екипите на Брегалница и Шкендија одиграа доста цврст натпревар со само еден погодок.  Во првото полувреме мрежите мируваа и по неколку нереализирани шанси останаа почетните 0:0.

Второто полувреме започна со пречка за домаќините. Во 64-тата минута при корнер за гостите Цаке остана небранет од никого и ја затресе мрежата на потзаспаната одбрана на штипјани.

Во 89-минута, Додев ја имаше последната можност да го изедначи резултатот, но Талески остана на висина на задачата и ја одбрани мрежата на Шкендија.

Натпреварот заврши со 1:0 за тетовчани кои останаа во игра за титулата бидејќи сега имаат само три бодови9 помалку од лидерот Струга Трим Лум која во ова коло е слободна.

Утре од 16:00 часот се играат останатите натпревари од ова коло.

ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА 28.КОЛО
САБОТА 
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-1
НЕДЕЛА
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
ТИКВЕШ – ШКУПИ
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ
СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

ТАБЕЛА
1 СТРУГА 53 бодови
2 ШКЕНДИЈА 50
3 ШКУПИ 45
4 СИЛЕКС 40
5 БРЕГАЛНИЦА 37
6 МАКЕДОНИЈА ЃП 33
7 ТИКВЕШ 30
8 РАБОТНИЧКИ 28
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 22
10 СКОПЈЕ 18
11 ПОБЕДА 13

Филип Василевски