Вкупно педесетмина повредени од кои 20полицајци и 30 навивачи епилогот по судирите меѓу полицијата и „ултрасите“ на Атлетико Национал во колумбискиот град Меделин, соопштија колумбиските властите.
Натпреварот од колумбиското првенство меѓу Атлетико Национал и Америка де Кали беше прекинат, откако над 100 „ултраси„ од клубот Атлетико Национал упаднаа на теренот на стадионот „Атанасио Жирардот“ во Меделин, фрлајќи метални бариери и реклами кон полицијата.
Вкупно дванаесет полицајци се повредени, десет со помали модринки и двајца под медицински надзор, изјави портпаролот на полицијата во Меделин, додека повеќе од 50 лица се примени во градската болница.
„Навивачите“ на Атлетико Национал од почетокот на годината, со нереди, го демонстрираа своето незадоволство од поскапувањето на билетите и политиката на клубот .
На неколку часа пред почетокот на натпреварот, управата на клубот соопшти дека ги прекинува попустите на билетите за оваа група навивачи.
Атлетико беше омилениот клуб на колумбискиот наркобос Пабло Ескобар.