Бронзен е првиот медал на македонските борачи на 74-то Европско првенство што се одрекува во Загреб.
Ахмад Магомедов кој настапи во категоријата до 79 килограми, е носителот на бронзениот медал.
на патот до неа, Могамедов стигна со четири борби. Откако во првата го победи Станислав Новац од Молдавија со 8-0, во четвртфиналето загуби со 3-5 од Георгиос Кугиумцидис од Грција. Сепак, доби шанса преку репасажот со Шпанецот, Габриел Рамос кој го доби со технички туш (10-0 на поени), да се бори за бронзата. Во последната борба, Могамедов за противник го имаше Арман Авагјан од Ерменија, кого го совлада со 7-4 на поени со што ѝ го донесе на Македонија првиот медал од овој шампионат.
Надеж за уште еден медал сеуште постои и за Расул Шапиев кој настапува во категоријата до 74.кгр. Иако загуби во првата рунда, сепак ќе се бори во репасажот против претставникот на Ерменија, Храјр Алиханјан, а доколку успее да го победи ќе има можност да се бори за бронзата.
Нашиот топ фаворити шампионот од лани Владимир Егоров беше елиминиран уште во квалификациите, а потсетување дека вчера истата судбина ја имаше и Могамедгаџи Нуров.