Нејзината приказна многумина може да ја поистоветат со филмот за „Убавицата и Ѕверот“,
Викторија Варадинова која е прекрасна млада дама, македонска кик-боксерка, која во рингот и на борилиштата е вистински „ѕвер“ и затоа е една од најуспешните македонски натпреварувачки во овој спорт.
Спорт за кој многу би рекле дека не е за девојки, поради тоа што е груб, но тоа воопшто не преставува проблем за Викторија и може да се каже дека овој спорт колку што е за машки исто толку е и за женски. Таа е роден шампион, а за тоа зборуваат нејзините успеси. Ние можеме да бидеме само горди на сите нејзини остварени успеси и освоени медали.
„Првата желба се појави на мои само 11 години, тоа е некаде пред околу 10-тина години. Сосема случајно, рекреативно, а никогаш по при првиот тренинг не размислував дека ќе премине рекреација во професионалност.
На почеток нејзината мајка ми била против, убедувајќи ја да мине на тенис, но потоа станува најголем мотиватор и поддржувач на Викторија, за разлика од нејзиниот татко кој своевремено се занимавал со карате, па веднаш ка прифатил нејзината одлука да стане кик-боксер.
„Во глобала потребната поддршка ја добивав од нив. Секој почеток е тежок.
Трема, возбуденост и страв истовремено.
Многу пати сум размислила да се откажам и да се запрашам дали сето ова е вредно за сите повреди, болки, непроспиени ноќи и се останато но секогаш кога ќе влезев во сала си ги добивав одговорите“,
вели уверено Викторија.
Младата „фајтерка“ има богата колекција на медали. Таа е државен првак во киклајт дисциплина од 2013-2023 година, Балкански првак, освојувач на бронзени медали на Европско и Светско првенство 2017 и 2018 година, но два медали имаат посебно значење за неа.
„Првиот медал го освоив во далечната 2013 година, на државно првенство во Скопје. Еден од нај драгоцените медали. После само 5-6 месеци тренинг одлучив да учествувам на натпревар и освоив златен медал. Тоа е медал кој и ден денес има посебно место на полицата со останатите медали. Посебно важен резултат е бронзениот медал од Европското првенство во 2022 година во Турција, каде што се надминав себеси. Во првата борба против противничка од Италија од која во првата рунда губев 3:0, во втора рунда 2:1 и во трета рунда ја свртев целата борба и заврши во моја корист 2:1“, гордо ни раскажува Викторија.
Таа, не застанува тука. Викторија се подготвува за она што претстои годинава, а главната цел и фокус се на Светското првенство во Португалија на крајот на годината, исто како и државното и Балканското првенство, а ќе атакува на нови медали на уште неколку меѓународни првенства и европски купови.
Како што вели Викторија, среќна е што во некогаш „само машкиот спорт“, сега се повеќе има млади девојки кои се сериозно тренираат кик-бокс.
„Во последните години кик-боксот во Македонија е во преголем пораст, за разлика од порано.
Интересно е тоа што и девојките се заинтересирани многу повеќе од порано“,
низ насмевка поентира нашата шампионка.
Ова е само краток опис (разговор) со прекрасната дама Викторија Варадинова, за која убедени сме дека ќе има што да информира, и да ги бележи нејзините нови успеси и освоени медали од големите натпреварувања.
Само напред Викторија!
Филип Василевски