Екипата на Барселона во втор последователен натпревар го напушти теренот само со еден бод.
На денешното гостување во Мадрид, играчите на Чави со реми без голови против Хетафе, им дадоа само надеж на Реал Мадрид во трката за титулата во Шпанија.
Во првото полувреме Рафиња и Алехандро Балде во ист напад на Барселона, два пати ја погодија десната статива од голот на Сориа, голманот на Хетафе.
Барселона во вториот дел со одлична контрола на топката и голем број на шанси ја презема иницијативата, но и покрај тоа резултатот остана непроменет 0:0.
Со овој нерешен резултат Барселона остана на врвот на Ла Лига со 73 освоени бодови, 11 повеќе од Реал Мадрид, додека екипата на Хетафе се наоѓа на 4 бодови од опасната зона.
Марио Петровски