Дербито на 9.коло од Супер лигата плеј оф им припадна на ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои со 28:27 го совладаа Алкалоид. Голот за победа Себастијан Хененберг на пет секунди пред крајот на дуелот. Инаку, првиот дел беше во знакот на ефикасните напади, додека во вториот дел доминираа одбраните и голманите. Самиот натпревар беше изедначен, а резултатот нерешен дури 14.пати.

Првото полувреме почна во знакот на битолчани, кои први се „одлепија“ со +2 (5:3), но Алкалоид брзо се врати во игра и за првпат и домаќинот водеше со +2 (10:8). Е.Пелистер успеа да изедначи во финишот на првиот дел на 13:13, а по 30 минути игра гостите водеа со 16:15.

Вториот дел почна со неколу технички грешки на двете страни и неколку голови на Алкалоид, кој го презема водството. Еурофарм Пелистер првиот гол во вториот дел го постигна во осмата минута (38). Но, во продолжението од натпреварот тимот од Битола имаше постојано водство од еден до два гола, за во 50.та минута за првпат да поведе со +3 (24:21). Ова како да беше знак и за домашните играчи и по одбранетиот седмерец на Галевски во 53.та минута Алкалоид изедначи на 24:24.При резултат 27:27 капитенот на Алкалоид Ѓорѓиев беше брзоплет и неговиот удар го одбрани Лесјак. До крајот се играше гол за гол, а победничкиот беше на Хененберг.

Најефикасани кај победникот беа Хенеберг и Хосни со по 6 голови, додека кај Алкалоид Симоноски и Митев постигнаа по 5. Голманот на битолчани Лесјак имаше шест одбрани, а младиот Галевски за Алкалоид 5.

Резултати 9.коло: Тиквеш – Пролет 23:23, Вардар – Охрид 35:19; Е.Пелистер 2 – Бутел 24:25.

Табела: Вардар 27, Е.Пелистер 27, Алкалоид 21, Тиквеш 11, Бутел 10, Охрид 9, Е.Пелистер 2, Пролет 6.