Ракометарите на Бутел остварија важна победа 25:24 на гостувањето во Битола против Еурофарм Пелистер 2 и со тоа им се реваншираа на битолчани за поразот во Скопје, додека Вардар беше убедлив во натпреварот против Охрид со 35:19 во двата натпревара од 9.коло од Супер лигата плеј оф.
Ракометарите на Бутел за малку ќе ја „прокоцкаа“ победата. Откако на полувреме беше нерешено 11:11, во завршницата Бутел водеше со 24:19, но им дозволи на противничките ракометари да изедначат во последната минута. Сепак последниот напад Бутел преку искусниот Јовица Младеновски, кој постигна гол стигна до победа и ги задржа шансите за пласман во Европа. Најефикасен на дуелот беше Мирко Мајиќ со 12 гола, додека Павле Петровиќ кај Е.Пелистер 2 беше стрелец на 10 голови.
На вториот дуел од деншената попладневна програма шампионот Вардар беше убедлив против Охрид и славеше победа со 35:19. Најефикасен кај Вардар беше Марио Стојановски со 6 голови, додека кај Охрид 9 голови постигна Никола Ристески.
Дербито на колото се игра вечерва од 19 часот меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер.