Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на фјучрс турнирот во Сплит во конкуренција на двојки. Таа заедно со Словенката Вероника Ерјавец ги победија Сара Бејлек и Луси Хавличкова од Чешка во полуфиналето, откако во решавачкиот сет беа подобри на поени.
Првиот сет им припадна на тенисерките од Чешка со 7:5 во гемови. Во вториот сет имаше дури пет брејка, а на крајот поуспешни беа Ѓорческа и Ерјавец добивајќи го сетот со 6:4 во гемови и изедначија на 1-1.
Во решевачкиот сет по 1:1, македонско-словенечката комбинација освои пет поени во низа за водство од 6:1, но ривалките се вратија со три поени за 6:4, а потоа следуваше наизменично освојување поени, за Ѓорческа и Ерјавец да освојат два поена и од 8:6 да го освојат сетот со 10:6 на поени.
Во финалето ќе играат со победничките од мечот Оана Гаврила (Романија) и Дарја Семенистаја (Летонија) против Ника Радушич (Словенија) и Тара Вурт (Хрватска). Почетокот на мечот ќе зависи од распоредот на полуфиналните мечеви особено што Ерјавец и Вурт ќе играат меѓусебе.
Турнирот се игра за награден фонд од 40.000 долари.