Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром го добија првиот четвртфинален меч против Вардар, во разигрувањето за шампионската титула, односно четвртфиналната рунда.
Во реприза од полуфиналето на Купот, аеродром повторно беа подобри од Вардарки сега на гостински терен.
На средбата што се одигра во малата сама на СЦ „Кале“, гостинките од Аеродром ја добија првата четвртина со 19-16, но во втората домаќинките беа подобри со 20-13, па на полувреме вардарки беа оние што заминаа со предност од четири поени разлика (36-32).
И третиот период мина во израмнета игра. домаќинките ја имаа предноста се до две минути пред крајот кога сино-белите направија мини серија на во последната четвртина влегоа со предност од два поени (50-52). Предводени од своите Американки, МЗТ постојано го контролираше резултатот и на крајот стига до посакуваната цел славејќи со конечни 73-68.
Во победничката екипа по 17 поени постигнаа Митрева и Симонс, додека Ли придододаде 15, додека Ѓорѓиевска со 18 поени беше најефикасна на натпреварот и во редовите на Вардар за кој Деловска додаде 14, а Зафировска 12.
Со овој триумф МЗТ поведе со 1:0 во победи во серијата подобар до два, а првата меч топка за влез во полуфиналето ќе ја имаат на домашен терен.
Вредно е да се истакне дека вардарки најголемиот дел од натпреварот го играа без супер талентираната Ања Начевска која во 15-тата минута се здоби со повреда на скочниот зглоб.
Во првиот денешен натпревар Баскет кам ја оправда фаворитската улога и со убедливи 103-69 го победи кавадаречки Пробаскет.