Фиорентина со победа над Кремонесе е чекор поблиску до финалето од „Копа Италија“.

„Виолетовите“ доминираа на мечот, надигрувајќи го противникот во секој поглед и заслужено славеше победа на гостински терен со 2-0.

Прв во листата на стрелците се запиша Кабрал во 20 минута кој реализираше со глава по одличен центаршут од Бираги.

Кремонесе покрај лошата игра заработи и црвен картон поради игра со рака, при што беше суден пенал, кој го реализира Гонзалес во 75 минута.

Иако со 10 играчи, Кремонесе не прими гол и резултатот остана непроменет,  2-0 за Фиорентина.

Следниот натпревар тимот на Италијано ќе го изигра пред домашни навивачи, а предноста од два гола им овозможува на „Виолетовите“ лесен пат до финалето од „Копа Италија“.