Најдобриот играч на Филаделфија Џоел Ембид имаше уште една брилијантна партија со која сериозно се наметнува како конкурент на Никола Јокиќ во трката за признанието најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.
Ембид на синоќешниот меч одигран пред своите симпатизери ги предводеше „76-ките“ до победа над второрангираниот тим во лигата Бостон и тоа минимална со 103-101.
Тој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок постигнувајќи 52 поени на кои придодаде 13 скока, а имаше и 6 асистенции.
Но, малку недостасуваше од херој да стане трагичар.
Откако на 2.секунди пред крајот направи непромислен фаул во напад им овозможи на гостите да се изборат за израмнување.
Но, среќата остана на страната на Филаделфија бидејќи обидот на Џјсон Тејтјум заврши непрецизно, а домаќините ја прославија 52-та победа сезонава, со која се сигурно трети зад Милвоки и Бостон.
Никола Јокиќ пак иако имаше дабл-дабл со 14 поени и 10 скокови, сепак Србинот не му помогна на својот тим Денвер, да избегне пораз и тоа убедлив на гостувањето кај Хјустон со 124-103.
Џејлен Грин со 32 поени беше најзаслужниот за оваа победа на „Рокентси“ кои се последни во западната конференција.