Екипата на Соколи од Штип, забелешка очекувана победа во дуелот со последно пласираниот тим во Втората кошаркарска лига, Црн Дрим.
На средбата од 21-то коло одиграно попладнево во Штип, иако гостите од Струга добро го започнаа натпреварот, и можеби изненадувачки, го добија првиот период со 23-27, сепак во продолжението штипјани посериозно си ја сфатија работата и веќе на полувремето имаа 17 поени предност (59-42). Вториот дел беше само рутински одработен за Соколи да слави со конечни 117-82.
Со оваа победа штипските Соколи се вратија на второто место на табелата зад лидерот Вардар, а со бод повеќе од Работнички против кој ќе играат во последното коло.
Од оваа рунда останува да се одигра уште вечерашниот меч во СЦ „Борис Трајковски“ каде од 20 часот ќе се сретнат Водно Санс и Вардар.
ВТОРА ЛИГА – ПРЕТПОСЛЕДНО 21.КОЛО
НЕДЕЛА
СОКОЛИ – ЦРН ДРИМ 117-82
ВОДНО САНС – ВАРДАР 20:00 часот
САБОТА
ШКУПИ – ОХРИД 81-61
МКК КУМАНОВО – БОРЕЦ БАСКЕТ 90-60
ОДИГРАНО ПОРАНО
БАСКЕТ КАМ – АНГЕЛИ 56-84
МЗТ СКОПЈЕ У.Б – РАБОТНИЧКИ 74-79 (70-70)
# | ТАБЕЛА | БОД | ПОБ | ПОР | +/- |
1 | ВАРДАР | 37 | 17 | 3 | 339 |
2 | СОКОЛИ | 37 | 16 | 5 | 182 |
3 | РАБОТНИЧКИ | 36 | 15 | 6 | 106 |
4 | АНГЕЛИ | 33 | 13 | 7 | 128 |
5 | МКК КУМАНОВО | 33 | 12 | 9 | 116 |
6 | ГКК ОХРИД | 32 | 11 | 10 | -17 |
7 | МЗТ СКОПЈЕ У.Б. | 31 | 10 | 11 | 84 |
8 | ШКУПИ | 31 | 10 | 11 | -18 |
9 | ВОДНО САНС | 30 | 10 | 10 | 71 |
10 | БОРЕЦ БАСКЕТ | 28 | 7 | 14 | -232 |
11 | БАСКЕТ КАМ | 23 | 3 | 17 | -222 |
12 | ЦРН ДРИМ | 21 | 0 | 21 | -537 |