Попладнево се одиграа два од четирите предвидени натпревари за денеска во 20-тата рунда на Првата машка кошаркарска лига.
Двојна програма имаше во СЦ „Кале“ во Скопје.
Во првиот натпревар, составот на ТФТ Моцарт очекувано забележа триумф во дуелот со последно пласираната екипа на табелата Струмица која ја совлада со 10 разлика, меч во кој ветеранот Александар Костоски оствари даб-дабл учинок со 16 поени и 14 асистенции.
Двоен-учинок имаше и Филип Бакоч кој во победата на Работнички над Чаир со 83-67 постигна 13 поени на кои придодаде и 10 скокови. Најефикасен на мечот беше Џелетовиќ со 23 поени за домашната екипа, за која Малешевиќ постигна 16.
Вечерва ќе се играат уште два меча. Во Гостивар кај истоимената домашна екипа гостува кавадаречки Еуро Никел, додека во Битола, Пелистер го пречекува Феникс.
Последните два меча од оваа рунда на програмата се во понеделник и вторник.
САБОТА
ТФТ МОЦАРТ – СТРУМИЦА 92 – 82
РАБОТНИЧКИ – ЧАИР 83 – 67
ГОСТИВАР – ЕУРО НИКЕЛ 19.30 ч.
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 20.30 ч.
ПОНЕДЕЛИК
МЗТ СКОПЈЕ А. – КОЖУВ 20.30 ч.
ВТОРНИК
АКАДЕМИЈА ФМП – КУМАНОВО 19.00 ч.