На тенискиот Мастерс турнир што се игра во Мајами комплетирани се двојите за полуфиналната рунда во машка конкуренција.

Русите, Данил Медведев и Карен Хачанов меѓусебно ќе играат за влез во големото финале.

Медведев кој е 5-то рангиран на АТП листата по голема борба го победи домашниот тенисер и најголемо изненадување на овој турнир Јубанкс. Во мечот што траеше речиси 1,5 час Русиност славеше со 2-0 во сетови со 6-3 и 7-5 и закажа дуел со сонародникот Хачанов кој многу последно со 6-3 и 6-2 го совлада Аргентинецот, Церундоло.

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз не виде многу мака во дуелот со Американецот, Тејлор Фриц (10-ти на АТП листата) па по два сета 6-4 и 6-2, се пласира во полуфиналето во кое ќе игра со Италијанецот Јаник Синер.