Во одбојкарското првенство на Македонија, денеска на програмата е претпоследното 9.коло, од Фазата 2 во прволигашката конкуренција.

Оваа рунда може да биде и решавачка, односно да го даде одговорот на прашањето, која ќе биде последната, четврта, екипа која ќе игра во полуфиналето од плејофот!? Во зависност и од резултатите, постои и можност и на коло пред крајот на лигашкиот дел, да ги дознаеме и полуфиналните парови.

Јасно е дека актуелниот шампион Струмица Никоб, Шкендија и велешки Борец сигурно ќе влезат во разигрувањето за титулата, за кое шанси нема само Весна Пробиштип, но затоа Работнички и Лирија

Тимот на Работнички покрај тоа што има една победа предност во однос на Лирија, оваа екипа ќе ја има и улогата на фаворит во дуелот со Весна Пробиштип, за разлика од Лирија која иако игра на домашен терен, сепак е аутсајдер во мечот со шампионот Струмица.

Интереси се очекува да биде и на последниот натпревар што ќе се игра во Велес, а што ќе биде реприза од полуфиналето во Купот.
Борец кој ја доби Шкендија и се избори за финале, сега ќе ја има предноста на домашниот терен.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ВВТОРА ФАЗА 1 – Коло 9
17:30 ЛИРИЈА – СТРУМИЦА НИКОБ
19:00 ВЕСНА ПРОБИШТИП – РАБОТНИЧКИ
20:00 БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА

ТАБЕЛА:
1. СТРУМИЦА НИКОБ 17-1,
2. ШКЕНДИЈА 15-3,
3. ГОК БОРЕЦ 14-4,
4. РАБОТНИЧКИ 9-9,
5. ЛИРИЈА 8-10,
6. ВЕСНА ПРОБИШТИП 6-12.