Кошаркарките на Гризли изборија победа во првиот натпревар од баражот за пласман во плеј офот во женската кошаркарска лига. Тие денеска во натпреварот број 1 го победија тимот на ЖКК Шкупи со 61:57, но пред се на предноста која ја направија во првото полувреме.

Кошаркарките на Гризли подобро го „отворија“ натпреварот и првата четвртина ја добија со 26:14. Во финишот на втортата четвртина предноста беше и +21 поен (39:18) и полувремето заврши 39:20 или 13:6 во втората четвртина. Во вториот дел гостинскиот тим беше подобриот и третиот период го доби со 18:9 за резултат 48:38 по 30 минути. Во последните две минути Жкупи дојде и на негатива од два поена (57:55), но немаше сили и време за целосен пресврт и Гризли победи со 61:57.

Натпреварот број 2 треба да се игра во текот на неделата (среда), додека евентуалната мајсторка би се играла следниот викенд.