Првиот натпревар во група А од европските клалификации помеѓу Шкотска и Кипар, помина во знакот на домаќинот кој со убедливи 3-0 запиша три бода.

Шкотланѓаните преку МекГин во 21 минута  го отворија резултатот. Играчот на Астон Вила, доби одлична топка од  капитенот Робертсон па од непосредна близина само ја турна топката во противничката мрежа.
Домаќините имаа целосна доминација на теренот а во неколку наврати во првото полувреме беа блиску и до втор гол, но Димитрис Димитру со своите интервенции успеа да ја остави селекцијата на Кипар во игра.

Ситуацијата беше иста и во вториот дел, Шкодска напаѓаше а Кипар се бранеше. Домаќините се посилно притискаа а  сето тоа вроди со плод откако во финишот Шкотланѓаните постигнаа уште два гола и тоа преку Скот МекТоминај, кој стрелаше два пати, во 87 минута за 2-0, а во самиот финиш на натпреварот и за конечни 3-0.

Во групата А се уште и Шпанија и Норвешка, кој својот натпервар го играат во 20:45, и Грузија која е слободна во првото коло.