Англија ја доби Италија на гостински терен во дербито од 1.коло на квалификациите за ЕУРО 2024-та.

Дуелот во првата рунда и тоа од нашата Ц група, се одигра во Неапол на стадионот „Диего Марадона“, каде во реприза на финалето од последното Европско првенство, Англичаните им се реваншираа на Италијанците совладувајќи ги со 2-1.

Гостите поведоа многу рано уште во 13-тата минута кога фудбалерот на Вест Хем, Деклан Рај најдобро се снајде во шеснаесетникот на домаќините по корнерот изведен од десната страна.

Во финишот на првиот дел, односно 44-минута, Хари Кејн го постигна вториот гол за водство на Англија од 2-0.

Во второто полувреме. Европскиот првак Италија тргна силовито и веќе по дванаесет минути игра (56), преку Регети намали на 2:1.

До крајот на мечот домаќините се обидуваа да стигнат до израмнување не но успеаја во тоа па Англија заслужено ги освои трите бода.