За нас никогаш не било важно кој ја дели правдата!
Вардар и Еурофарм Пелистер во недела во Јане Сандански ќе го играат првиот од двата дуели во плејоф конкуренцијата што сигурно ќе решаваат за шампионскиот трофеј.
РФМ ги одреди арбитрите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, да ја делат правдата на овој меч, кои, според вардарци се веднаш зад нашиот најдобар пар Начевски-Николов, а кои според црвено-црните доста се едни од најквалитетни во нашата земја.
Од вардаровиот табор, упатија и апел до навивачите за фер и коректно навивање, а исходот да биде решен на теренот, а победи оној кој во моментот е подобар.
Во продолжение соопштението на РК Вардар.