Селекторот Благоја Милевски ги одбра стартните 11-мина кои ќе истрчаат на теренот на националната арена „Тодор Проевски“ на почетокот од новиот циклус квалификации за ЕП 2024 во дуелот со репрезентацијата на Малта.
Во составот на Милевски го нема Аријан Адеми кој неофицијално заработил повреда на последниот синоќешен тренинг, но искусниот екс фудбалер на Динамо е на клупата за резервни играчи.
Затоа во нападот, Милевски ќе има фантастичен квартет, предводен од организаторот на играта Барди, на на крилните позиции Елмас и Трајковски, додека во „шпицот“ ќе биде голгетерот Абердин, Миовски кој игра фантастично во шкотското првенство.
Пред Димитриевски во одбранбената линија се С. Ристовски, Д. Велковски, Муслиу и Алиоски, а на средината ќе делуваат Зајков и Атанасов (како алтернатива за Адеми).
Дуелот Македонија – Малта започнува во 20.45 часот.