Македонија со вкупно 15-мина каратисти ќе биде претставувана на претстојното Европско првенство што од утре започнува во Гвадалахара, Шпанија.
Десетмина натпреварувачи во борби и пет во кати ќе ја претставуваат нашата земја на овој шампионат на кој ќе се појават околу 550 каратисти од вкупно 47 земји
Македонското карате има традиција да жнее медали на овие шампионати, како што тоа беше случај на претходното во Турција кога Петар Спасеновски ја освои бронзата, па токму тој заедно со најтрофејниот Емил Павлов, кој е носител на четири медали од ЕП, по два златни (2014 и 2018 г.) и бронзени (2016 и 2019), се нашите главни адути за нови одличја.
Познати се и противниците на нашите каратисти:
Поединечна конкуренција борби
Жени
-50 кг Теодора Цветкоска – Ања Јовиќ (Црна Гора)
-55 кг Јована Георгиева – Алесандра Хасани (Хрватска)
-61 кг Вероника Костовска – Карлота Осарио Фернандез (Шпанија)
-68 кг Ангела Мојсовска – Избаел Марија Нието (Шпанија)
+68 кг Бојана Манева – Тита Кеинанен (Финска)
Мажи
-60 кг Фахик Весели – Шон Етан Деј (Англија)
-67 кг Емил Павлов – Денис Копитко (Украина)
-75 кг Петар Заборски – Рагнар Аудсе (Естонија)
-84 кг Петар Спасеновски Микел Мец (Естонија)
+84 кг Стефан Стојановиќ – Мехди Филали (Франција)
Кумите тим жени
Македонија – Словенија
Кумите тим мажи
Македонија – Италија/ Полска
Ката
Мартина Арсовска – 4.група со 7 натпреварувачки
Кристијан Бајовски – 1.група со 8 натпреварувачи
Ката тим мажи
(Андриќ Христијан, Спасовски Александар, Спасовски Давид) – 2.група со 5 репрезентации (Првата е со 6 репрезентации)