Македонскиот тенисер Калин Ивановски со победа почна уште еден фјучрс во Франција.
Оваа недела тој ќе биде дел од турнирот во Тулуз што се игра за награден фонд од 25.000 долари што е повеќе во однос на претходните два турнира.
Тој денеска во првото коло го совлада домашниот тенисер Пол Иншоспе со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2) за нешто повеќе од еден час игра.
Инаку, Ивановски од вчера се наоѓа 475 место на АТП листа, а веќе на следното рангирање повторно ќе има скок од причина што поените (4) по полуфиналето од претходниот турнир ќе му бидат запишан на следното рангирање.
Нашиот тенисер на овој турнир е рангиран како трет носител и во следното коло ќе игра со Британецот Хари Велденкен.