Македонската фудбалска репрезентација полека се комплетира, за воведниот меч од новиот циклус квалификации за ЕП 2024 против Малта.
Денеска на тимот му се приклучија капитенот Стефан Ристовски и Аријан Адеми, кои вчера имаа обврски со својот Динамо, на кој токму македонските фудбалери му донесоа победа.
Тие попладнево ќе му се стават на располагање на селекторот Благоја Милевски и ќе го одработат вториот тренинг со останатите кои вчера се појавија на теренот „Петар Милошевски“ кај ФФМ.