Елена Рибакина е победничка на Мастерс турнирот во Индијан Велс (САД). Тенисерката која настапува под казахстанското знаме, а е родум од Москва, до својата првата титула во Мастерс серијата дојде со победата над Белорусинката Арина Сабаленка.
Рибакина кој е актуелна победничка на Вимблдон, во реприза на финалето од пред два месеци на Гренд слемот во Мелбурн, ја победи освојувачката на Австралија опен, Сабаленка во два сета.
Во дуелот што траеше 2 часа и 6 минути, двете тенисерки одиграа на високо ниво, па затоа во првиот сет се одиграа максимални тринаесет гема, а Рибакина го доби сетот во тајбрејк со 13-11 на поени.
Вториот сет започна со брејк на Казахстанката, која и во седмиот го доби сервисот на противничката, за веднаш да возврати со рибрејк Сабаленка и да намали на 5-3. Но, немаше сили Белорусинката за уште еден брек, па Рибакина го освои сетот со 6-2, а со кончени 2:0 го доби финалето и трофејот наменет за победничката.
Така на патот до овој успех, Рибакина ги победи двете најдобро рангирани тенисерки, првата Свјонтек во полуфиналето, и втората Сабаленка во финалето.