Лошите резултати на лидерите во англиското и француското фудбалско првенство, Арсенал и Парис Сен Жермен се должат на американската инфуенсерката Ким Кардашијан.
Англиските па и француските медиуми поитаа да констатираат дека присуството на Ким на „Емирати“ стадионот во Лондон и на „Паркот на принцовите“ во Париз, биле причината за последните порази на овие екипи.
Имено, Ким била „кобна“ за двата тима.
Таа во четвртокот го следела мечот меѓу Арсенал и Спортинг Лисабон во Лигата на Европа, кој „топџиите“ го загубија на пенали и беа елиминирани.
Само три дена подоцна (во неделата) Американката од Лондон пристигнала во француската престолнина и го следела натпреварот во Лига 1, во кој „сетците“ загубија од Рен со 2-0.
Ким ја поврзуваат со компанијата „Фјал Емиратс“ која е спонзор на двата тима, но дали „кобната“ Американка претходно била во друштво на фудбалерите засега останува енигма.