ХЕТ-ТРИК НА КАЛАНОСКИ УШТЕ ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

Екипата на Гостивар ја оправда улогата на фаворит во дуелот против Слога од Виница и забележа значајна победа во трката за првото место на табелата во Втората фудбалска лига.

Гостиварци попладнево пред своите навивачи славеа убедлива победа над Слога со 5-0 во натпревар од 21-то коло.

Домаќините победата ја најавија уште во првиот дел во кој  Антонио Каланоски забележа хет-трик постигнувајќи ги трите гола и тоа во петата, деветтата и 41-вата минута.

Со оваа победа и новите три бода, а вкупно 48, Гостивар се пробива на второто место на табелата со бод помалку од лидерот Вардар, односно еден повеќе од Воска спорт, а дури пет од четврто рангираниот Пелистер.

Сепак овие три екипи, утре и во среда ќе ги одиграат своите натпревари од оваа рунда.

Вардарци утре гостуваат на скопска Локомотива, додека дербито меѓу Воста спорт и Пелистер ќе се игра во среда во Охрид.