Македонската фудбалска репрезентација во четврток со дуелот против Малата го започнува новиот циклус на квалификации, овој за Европското првенство 2024 година.

Македонија важи за фаворит, но тоа треба да го докаже на терен, а во нашиот табор, сите веруваат дека со победа ќе ги отворат квалификациите.

“Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија.
Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода. За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина. Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години”, вели Езѓан Алиоски.

Натпреварот Македонија – Малта што ќе се игра во четврток на арената Тодор Проевски ќе започне од 20:45 часот.