Вечерва се одиграа два натпревара од четвртфиналните групи во Купот на Македонија во женска конкуренција. Домашните екипи ја оправдаа улогата фаворит и забележаа победи. Во Битола во рамки од групата 4 ЖРК Пелистер славеше во дуелот со Гевгелија со 26:17 и во финалето во недела повторно на домашен терен ќе против екипата на ЖРК Куманово, која беше слободна во оваа фаза од натпреварувањето. Најефикасна на дуелот беше поранешната македонска репрезентативка Ленче Илкова (Гевгелија) со 8 голови, додека Моника Босиловска кај победничката екипа постигна 7 голови.
Еден натпревар се одигра и во четвртфиналната група 2, каде Деспина на домашен терен во Прилеп славеше убедливо против Кузман Вардар со 35:16. Со по 8 голови најпрецизни беа: Адела Еленина и Маја Ристеска двете од редовите на Деспина. Во финалето од групата во недела екипата од Прилеп ќе игра против победникот од натпреварот ЖРК Вардар – ЖРК Шампион што се игра утре.
Другите дуели од групите ќе се играат утре, додека за недела се закажани сите финални натпревари во четирите групи, по кои победничките екипи ќе играат на завршниот Ф4 турнир