Шпанецот Карлос Алкараз со триумфот ноќеска во Индијан Велс против Феликс Аугер Алиасине со 2-0 во сетови (6.4 и 6:4) се наоѓа на две победи до враќање на првото место на АТП листата. Во мечот од четвртфиналето Алкараз одигра колку што беше потребно за нова победа. Тој во полуфиналето ќе игра против Јаник Синер, кој во четвртфиналето го победи ланскиот шампион на Мастерс турнирот 1000 во Индијан Велс, Тејлор Фриц со 2-1 во сетови.

Четвртфиналето беше последниот меч и победникот на турнирот од 2021 година Камерон Норие, кој загуби од Франсис Тиафое со 2-0 во сетови. Пласман во полуфиналето избори и Данил Медведев, кој беше подобар од Алехандро Давидович Фокина со 2-0 во сетови.

Во полуфиналето во сабота ќе играат: Алкараз – Синер и Медведев – Тиафое.

Голема помош за враќање на позицијата број 1 шпанскиот тенисер има и поради тоа што на турнирот не настапува сега играчот број 1 Новак Ѓоковиќ.