Актуелниот шампион на Серија А, тимот на Милан повторно ги разочара своите навивачи и на домашен терен против Салернитана одигра само 1-1.
Милан влезе во натпреварот како апсолутен фаворит и нападна уште од самиот старт. Најпрвин Рафаел Леао во 23-тата а потоа и Жиру во 29-тата сериозно се заканија по противничкиот гол. Конечно во 45-тата минута по 14 неуспешни шута кон голот на Салернитана, Оливие Жиру го пронајде патот до мрежата на Очоа, за предност од 1-0 на полувреме.
Салернитана влезе многу посмело во вториот и во 61-та минута Домагој Брадариќ нафрли во шеснаесетникот на Мањан а Булаи Диа беше прецизен и донесе изедначување за својот тим.
Ваквиот расплет на настаните го натераа Пиоли да направи неколку измени, а во влегоа Де Калдаре, Ибрахимовиќ и Ориги, па Милан тргна со сите сили во напад. Вистински кошмар за ,,Росонерите” вечерва беше феноменалниот Гилермо Очоа кој ги скроти сите удари на противничките играчи.
Додека пак кај Салернитана најблиску до уште еден гол беше поранешниот играч на Милан, Пионтек, но и неговите удари беа непрецизни па на крајот остана резултатот од 61-та минута, 1-1.
Милан во 48 бода остана на четвртата позиција, додека пак Салернита освои важен бод во борбата за опстанок, па сега е на шеснаесеттата позиција со 26 бода, седум повеќе во однос на Верона која е прва во зоната за испаѓање.