Кошаркарската АБА лига ближи кон самиот крај на лигашкиот дел. Секоја победа е значајна, со цел да се обезбеди опстанок во лигата, како што тоа е случај со македонскиот првак МЗТ Скопје, или влез во плејофот, односно подобра позиција во разигрувањето.
Такво ќе биде и вечерашното „53-то вечно дерби“ меѓу белградските ривали Партизан и Црвена Звезда и, последен од 21-то коло.
Ова ќе биде петти натпревар на двете екипи сезонава. Во последниот, што траеше повеќе од 3 часа а се одигра во Ниш во полуфиналето на Купот Радивој Кораќ, тренерот на црвено-белите, Душко Ивановиќ беше исклучен, но подоцна неговиот тим стигна и до 12-тата титула во куп.
„Веќе се познаваме многу добро. Тие се комплетни, и јасно е дека не очекува натпревар во кој сакаме да одиграме добро, а кој најверојатно ќе го реши првото место пред плеј-офот во регионалната лига“, изјави Ивановиќ,
Во АБА лигата, црвено-белите го добија првиот натпревар со 90:74, а севкупниот меѓусебен „скор“ со црно-белите имаа предност од 28:24.
Партизан е лидер на табелата со една победа повеќе (18-2), но црно-белите имаат одиграно и еден натпревар повеќе од Црвена Звезда (17-2).
Вечното дерби што ќе се игра во „Штарк арена“ со почеток од 20:30 часот, АБА лигата го најави како „Битка за Белград„!