Ривалството помеѓу Атлетик Билбао и Барселона ни има донесено одлични моменти кој вечно ќе се памтат. Вечерашниот натпревар ни донесе само еден гол со кој Барса повторно е на плус девет пред вечниот ривал, Реал Мадрид.
Единствениот гол на натпреварот го постигна бразилскиот талент Рафиња, по акцијата и асистенцијата на ветеранот Бускетс неколку моменти пред крајот на првото полувреме.
Статистички Каталонците доминираа во секој поглед, но не беше доволно за промена на резултатот.
Сепак Билбао не се откажа и во 88 минута постигна гол преку Ињаки Вилијамс, но кратко потоа беше поништен, па резултатот остана непроменет 1-0 за Барселона.
Со својата 21 победа во 25-тиот одигран натпревар во Ла Лигата, Барселона е лидер сега со 65 бодови, додека Реал кој вчера го победи Еспањол има 56 бодови.