Жозе Мурињо поради казна беше спречен да ја води Рома од клупата, а истото се одрази на неговите избраници откако Саусоло постигна дури четири погодоци и во супер натпревар со седум гола се радуваше на голема победа и три бода.

Се почна лошо за рома уште од самиот старт. Откако Ванијалдум во втората минута не успеа да го отвори резултатот со одличен удар од далечина, гостите ја презедоа контролата и преку Арманд Лауриенте кој во 14-тата минута прв стигна до одбиена топка и ја смести во мрежата на Руи Патрисио.

Истиот играч само четири минути подоцна, на одлична асистенција на Берарди по втор пат го совлада Руи Патрисио за патиална предност од 0-2.

Рома полека почна да се оправува од двата гола и да почна да напаѓа по голот на Консиљи. Таквата иницијатива даде резултат во 26-тата минута кога Спинацола одлично додаде, а Залевски со прецизен шут намали на 1-2.


И кога делуваше дека Рома се враќа во натпреварот со оглед на тоа Римјаните имаа уште неколку шанси за изендачување, следуваше нов шок откако Кумбула стартуваше недозволено, а ВАР системот му даде знак на судијата Михаеле Фабри. По прегелдувањето на снимките следуваше двојна казна за Рома, противникот доби пенал а Кумбула заработи исклучување. Мирен реализатор на пеналот беше Доменико Берарди за предност од 1-3 на полувреме.

Иако со играч помалку, Рома тргна напаѓачки во вториот дел. По само шест минути игра Пауло Дибала со мајсторски удар постигна убав гол за 2-3 и враќање на Рома во натпреварот.

Следуваше период на шанси и на двете страни, а надежите за евентуално враќање на домаќинот ги расипа двоецот Лауриенте-Пинамонти кога во 74-тата минута, Лауриентре додаде а Пианмонти беше прецизен за 2-4.
Во 95-тата минута Ванијалдум само успеа да го ублажи поразот за конечни 3-4.