Вистинска голеада на „Алијанц Арена“, со вкупно осум погодоци одиграа Баерн Минхен и Аугсубрг.
Гостинот рано поведе со голот на Бериша во третата минута, но „Баварците“ фуриозно вратија давајќи четири гола по ред.
Први на листата беа два дефанзивци и тоа Кансело во 15. минута и Павард кој ги постигна своите први голови оваа сезона во дресота на Баерн во 19 и 35 минута.
Пред крајот на првото полувреме Сане по одбиена топка го постигна последниот гол од првото полувреме за предност од 4-1.
По грешка на Де Лигт, Аугсубург доби шут од „белата точка“ кој успешно го реализира Мергим Бериша за втор гол на натореварот
Во 74 минута гол постигна и Алфонсо Дејвис за петарда во голот на Аузбург. Конечниот резултат го постави Кардона во 93-тата минута за конечни 5-3.
Бајерн Минхен ја задржува познатата прва позиција во Бундес Лигата со еден натпревар повеќе од вечниот ривал Борусија Дортмунд кој е е на втората позиција со 3 бода помалку.