Младиот македонски репрезентативец Андреј Јакимовски со својата екипа „Кугарс“ ја заврши сезоната во НЦАА универзитетската кошаркарска лига во САД.
На завршниот турнир што се одржува во Лас Вегас, Андреј со Вашингтон Стејт Универзитетот се елиминирани во четвртфиналната рунда, на ПАК-12 Дивизијата од Орегон Универзитетот.
Популарните „Дакс“ во интересен и докрај неизвесен меч славеа победа со 75-70 и обезбедија пласман во конференциското полуфинале, во кое за противник ќе го имаат топ фаворитот УЦЛА.
Јакимовски одигра добар натпревар во кој за 36 минути минати на паркетот, зад своето има запиша 10 поени (2/8 за три и 2/2 за два поени) на кои придодаде по три скокови и асистенции.
Она што го забележаа пред овој натпревар американските медиуми, е новиот заб на Андреј, кој ден претходно го загуби во дуелот со Универзитетот Калифорнија во осминафиналната рунда.