Во Македонска Каменица, во реприза финалето од годинашното издание на Купот, освојувачот на трофејот екипата на МЗТ Скопје Аеродроми ќе му гостува на актуелниот шампион Баскет Кам.
Овој натпревар на програмата е во недела од 14 часот, додека ден порано во сабота, во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, од 16 часот и 30 минути, ќе играат екипите на Бадел и Вардар.
Тоа во суштина се дуели на четирите прво пласирани екипи на табелата кои ќе водат битка и за шампионскиот трофеј во првенството.
Во другите два натпревари од А групата во оваа рунда ќе играат: Пробаскет – Гризли (сабота од 13 часот) и Струга – Крива Паланка (сабота од 16:30 часот).
Во Б конкуренцијата, веќе се одигра натпреварот Спорт Тим – Јанбор 34-61, а викеднов ќе играат: во сабота, Пониква – Шкупи (14 часот), во недела, Пелистер – Патриот (12:30 ч.) и Ринија Баскет – Госитвар (14.30 ч). Слободна во ова коло е екипата на Куманово.