Белградски Партизан не успеа да врзе три победи во низа во евролигата. Црно-белите се поразени на гостувањето во Милано кај Армани во меч од 28-то коло.
Иако Партизан речиси до самиот крај на првото полувреме имаше контрола над резултатот, а во последната четвртина влезе само со три негатива (49-46).
Домаќините со фантастичната игра на стартот на последниот период направија серија од 11-0 и создадоа 14 поени предност (60-46), која рутинирано ја одржуваа до крајот на натпреварот што го добија со конечни 76-62.
За Партизан ова е само втор пораз на последните шест натпревари, па белграѓани остануваат во трка за позициите што водат во плејофот.
На останатите натпревари. Олимпијакос во убедливата победа над минхенски Баерн со 102-74 останува на врвот на табелата, со една победа повеќе од Реал кој вечерва ја доби шпанската пресметка со Валенсија, односно Барселона која утре гостува во Истанбул кај Фенербахче.