Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски по пауза од еден месец повторно е дел од фјучрс турнирите. Тој настапува на фјучрсот во францускиот град Кретеј (награден фонд 15.000 долари).
Во првото коло по голема борба и меч во три сета што траеше 2 часа и 22 минути го совлада Русинот Кирил Кивацев со 2-1 во сетови (2:6; 6:4 и 7:6 (7:3). Нашиот тенисер имаше два брејка од 11 можности, наспроти ривалот кој имаше 3 брејка од 5 можности, но тоа не беше решавачко во мечот.
Во првиот сет Русинот Кивацев веднаш направи два брејка за водство од 3:0, а таа предност ја имаше до крајот на сетот што го доби со 6:2. Вториот сет беше изедначен до 4:4, кога Ивановски ги доби следнит два гема да го добие сетот за 1-1 во сетови.
Во решавачкиот сет немаше брејк и мечот беше решен во тај брек. Во „13.тиот гем“ Квацев поведе со 3:2 во поени, за потоа Калин Ивановски да освои пет поени во низа и да го добие тај брекот со 7:3, а со тоа сетот и мечот.
Калин Ивановски на турнирот е рангиран како петти носител, а во следното коло ќе квалфикантот Данил Глинка од Естонија.