Новиот стручен штаб на битолскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Пелистер Александар Јовиќ како тренер и Звонко Шундовски како тим менаџер го одржаа првиот тренинг со екипата по заминувањето на Ларс Валтер.
Тандемот поранешни македонски репрезентативци ќе има тешка задача, бидејќи амбициите на „армијата“ навивачи во Битола е освојување на шампионската титула.
По слабите резултати во Лига Европа, пред се стручниот штаб ќе треба да ја консолидира атмосферата и да ја донесе екипата на посакуваната патека на успеси.
Официјалната промоција ќе се одржи утре во клупските простории.