Белградска Црвена Звезда со фуриозна последна четвртина го декласира актуелниот и тоа двоен шампион во Евролигата, Анадолу Ефес.
На средбата одиграна во Белград, а во рамките од 27-то коло Црвена Звезда славеше со 94-75. Иако во последниот период гостите имаа само еден поен негатива (68-67), во последниот домашниот тим одигра фантастична одбрана па Ефес постигна само осум поени наспроти 26-те на црвено-белите.
Аргентинецот, Кампацо со 22 поени и 7 асистенции беше најдобриот играч кај победничката екипа, но и на натпреварот.
Анадолу Ефес е на 11-место на табелата со „скор“ 13-13, а Звезда е 13-та со 12 победи и 15 порази.