Во второлигашката машка кошаркарска конкуренција на претстојниве четири дена ќе се одиграат средбите од 17 коло.
Програмата ќе биде отворена попладнево. Лидерот на табелата и главен фаворит за освојување на првото место, Вардар има „незгодни“ гостување кај составот на Шкупи кој се бори за влез меѓу осумте екипи што ќе раздигуваат во плејофот.
Чаирчани заостануваат една победа во однос на осмопласираниот МЗТ Скопје У.Б. однос две зад Партизан и МКК Куманово кои се на седмото и шестото место на табелата. Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар ќе започне од 12 часот.
Интересни ќе бидат утрешните дуели во кои играат 4-то и 5-то пласираните екипи на табелата Работнички и Охрид, односно средбата во Штип каде Соколи го пречекува составот на Водно Санс кој игра одлично во вториот дел од сезоната.
Оваа рунда ќе биде заокружена дури во вторник со средбата меѓу МЗТ 2 и трето пласираниот состав на Ангели.
САБОТА
ШКУПИ – ВАРДАР 12.00 часот
НЕДЕЛА
МКК КУМАНОВО – БАСКЕТ КАМ 13.00
РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 16.00
СОКОЛИ – ВОДНО САНС 19.30
ПОНЕДЛЕНИК
ЦРН ДРИМ – БОРЕЦ БАСКЕТ
ВТОРНИК
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ 14.00