Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на мастерсот што се игра во Дубаи.
Ѓокови за 83-минути во два сета го победи Хуберт Хуркач од Полска кој е на 11-место на АТП листата.
Првиот сет Новак го доби си 6-3, додека во вториот Полјакот пружи поголем отпор, за по 12 одиграни гема Ѓоковиќ да го добие со 7-5, односно со конечни 2-0 во сетови да се пласира во полуфиналето.
А, во него, што на програмата е утре, Србинот ќе игра победникот од последниот четвртфинален меч во кој се среќаваат Русинот, Данил Медведев и Хрватот, Борна Чориќ.
Првиот полуфинален пар на мастерсот во Дубаи го сочинуваат Русинот, Андреј Рубљев и Германецот, Александер Зверев