Екипата на Водно Санс забележа важна победа во дуелот против вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. во натпревар од Втората машка кошаркарска лига.

Во дуелот на екипите што се борат за влез меѓу осумте што ќе продолжат во плеј-офот, Водно Санс славеше со 88-74.

Домаќините одлично го отворија натпреварот и по само три минути игра имаа двоцифрена предност (15-4), а на првата пауза да заминат со +9 (27-18). Во втората четвртина аеродромци беа оние кои одиграа подобро, па на полувреме се замина со резултат 42-41 за Водно Санс.

И во второто полувреме израмнета борба, во кој домашниот тим постојано го контролираше резултатот, а во самата завршница со неколку тројки како и слободните фрлања поради исклучувањето на гостинскиот тренер Бојан Серафимовски, домаќините славеа и убедлива победа со 88-74.

Со овој триумф Водно Санс се проби на 6.место на табелата со идентични 24 бодови како и седмо пласираниот Куманово, а еден бод повеќе од МЗТ 2, кој падна на седмата позиција.

Оваа 16-та рунда во Втората лига ќе биде заокружена утревечер кога од 21 часот ќе започне меѓу Ангели и Работнички кои заедно со Охрид се борат за третата позиција. На водечките две места се екипите на Вардар и штипски Соколи.

РЕЗУЛТАТИ ОД 16.КОЛО ВО ВТОРАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА
Вардар – Борец 104-79
Баскет Кам – Соколи Штип 56-86
Охрид – Црн Дрим 73-55
Шкупи – Куманово 65-67
Водно Санс – МЗТ Скопје У.Б. 88-74.
Ангели – Работнички четврток (02 март од 21 часот).

#ТАБЕЛАБОДОНПОБПОРКР
1ВАРДАР3016142263
2СОКОЛИ2816124107
3РАБОТНИЧКИ261511436
4ГКК ОХРИД261610635
5АНГЕЛИ2515105109
6ВОДНО САНС24168871
7МКК КУМАНОВО24168840
8МЗТ СКОПЈЕ У.Б.23167945
9ШКУПИ2216610-57
10БОРЕЦ БАСКЕТ2216610-149
11БАСКЕТ КАМ1916313-140
12ЦРН ДРИМ1616016-360