Очаен натпревар одигра тимот предводен од Жозе Мурињо и претрпе пораз од последнопласираниот тим во Серија А, тимот на Кремонзе.
Се почна лошо за Рома уште од стартот, па младиот италијански напаѓач, Франк Тсаџу, во 17-тата минута го матираше Руи Патрисио.
Рома се обидуваше да се врати, но Кремонезе успешно одолеваше на сите напади па на полувреме заминаа со предност од 1-0.
Се почна полошо за Рома и во вториот дел, па само една минута по почетокот на второто полувреме, Жозе Мурињо заради недолично однесување заработи исклучување, па мораше да замине на трибини.
Помошникот на Мурињо, во 62-та минути ги уфрли речиси сите офанзивни играчи кои ги имаше на располагање на клупа за резервни и Рома со сите сили тргна по изедначување.
Само осум минути после ова, нападите вродија со плод, откако Манчини одлично центрираше а Спинацола уште подобро реализираше за 1-1.
Кога делуваше дека Рома има инцијатива и ќе бара целосен пресврт, Руи Патрисио направи непромислен потег и им поклони пенал на домаќините.
Даниел Циофани беше мирен реализатор и Кремонесе одново се врати во водство.
Домаќините до крајот на натпреварот успешно се бранеа од сите налети на Рома и така дојдоа до голема победа и три бода со кои го напуштија дното на табелата.
Кремонезе сега има 12 бода и е на претпоследното место. Рома пак со овој пораз од втората позиција која ја делеше со миланските гиганти, Интер и Милан, сега е петтопласирана со 44 бода.