Е СЕГА Е ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ – КОШАРКАРИТЕ МОРА ДА ПОБЕДАТ!

Ако Данска пред три дена ни заврши работа со победата над Норвешка, сега тоа не беше случај. Данците не успеаја да ја совладаат селекцијата на Словачка и да ни го осигураат првото место во групата без разлика на дуелот во Осло.

Словачка си ја заврши работата и славеше против Данска на гости со 72-71, па сега притисокот е на Македонија.

Нашите кошаркари се пред императивот ДА МОРААТ ДА ПОБЕДАТ во дуелот со Норвежаните доколку сакаат да останат првопласирани во својата група, а со тоа да обезбедат учество и во главната фаза од квалификациите за Европското првенство 2025 година.

Словаците кои пред три дена беа подобри на нашите кошаркари со 9 поени разлика, претквалификациите ги завршуваат со 4 победи и 2 порази, еден повеќе од нашата селекција.

Доколку Македонија не слави во Осло, црвено-жолтите би завршиле со ист „скор“ (4-2), но поради полошиот меѓусебен дуел (само пет поени повеќе во разликата – ние победивме со 4), Словаците би биле тие кои би играле во следната (главна) фаза од квалификациите за Евурбаскет 2025.