Лидерот на табелата во англиската Премиер Лигата, тимот на Арсенал конечно забележа победа.
По трите натпревари во кои популарните „топџии“ загубија од Евертон и Манчестер Сити, односно одиграа нерешено со Брентфорт, конечно денеска избраниците на Артета славеа победа. Арсенал на гостински терен го совлада Лестер го задржа првото место во лигата.
Иако во првото полувреме на двете страни беше постигнат по еден гол, сепак тие беа поништени па резултатот по 45-минути игра остана почетниот 0-0.
Неполна минута од почетокот на второто полувреме ,,топџиите” поведоа и тоа со гол на Мартинели.
Иако во продолжението двата тима се обидуваа да стигнат до гол, сепак резултатот остана не променет 1-0 за гостите од Лондон.
Аренал сега има 57 бодови, пет повеќе од Манчестер Сити (52), кој попладнево го игра натпреварот од оваа рунда против Борнемут во 18:30 часот.